Последниот ден од работната недела што толку долго го чекавме, поминете го во слатка комбинација составена од неколку неодоливи парчиња. Носиме шик искинати фармерки и ги комбинираме со ова бохо кошулка во розова боја. Истата е едно од најпосакуваните парчиња поради нејзината лежерност, широките ракави и шармот во исто време. Бидејќи и утрово се разбудивме со малку облачно време, за секој случај со вас понесете си го и омилениот тексас, а задолжителни се цветните патики и розовиот ранец со реси. 

Објавено:
20 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
358 пати