Последниот ден од работната недела е денот кој дефинитивно сите го чекаме со нетрпение поради викендот што следи, но и поради многуте забави на кои можеби одите после работа. Денеска вратете се назад во времето и направете комбинација од шик фармерки со висок струк и слатка сина кошула со интересен принт и црна јака. Комбинацијата надополнете ја со овие удобни црни чевли, црна кожена јакна и модерна чантичка со ремче. Што се однесува до шминката, денеска единствено дајте му шанса на виолетовиот кармин, барем во попладневните часови.

Уживајте во последниот ден од работната недела!

Објавено:
7 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
332 пати