Денот пред викенд секогаш е најубав во неделата! Денеска блеснете во шик комбинација која е навидум едноставна, но со парчиња кои се вистински класици и жените ги обожаваат.

Носиме едноставни црни фармерки и ги комбинираме со долга, едноставна бела кошулка со копчиња.

Утрата се малку студени, па оваа комбинација надополнете ја со ова прекрасно капутче во крем нијанса и рамни кожени чевли со врвки во слична боја.

Целата комбинација дополнете ја со едноставна црна чанта и часовник или пак накит по ваш избор кој е соодветен за парчињата.

Имајте прекрасен петок!

 

Објавено:
5 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.093 пати