Работната недела ја завршуваме со една шик комбинација. Ако периодов имате некоја летна забава, веселба, или сакате да имате некоја ваква комбинација и за време на летниот одмор, тогаш сигурни сме ќе ве инспирираме.

Нашиот денешен предлог е шик комбинезон со широки ногавици. Во горниот дел се врзува околу вратот, а на пловината има ремен што се врзува во панделка и дава елегантна нота.

Го комбинираме со сандали на врзување, обетки во форма на триаголник и клач чанта со ремен со натпис шик.

Иако на комбинацијата ги нема, очилата за сонце секако можете да ги вклопите.

Имајте супер петок!

 

Објавено:
21 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
721 пати