Крајот на работната недела го боиме во сини нијанси. Нашиот денешен предлог е црно широко фустанче со везени апликации во среднишниот дел во комбинација со тантела.

Го комбинираме со високи црни чизми на висока потпетица и пастелно син капут. На тоа додаваме беретка и чанта во истата нијанса, со што чантата е збогатена исто така со везени апликации.

На крајот ставете кармин во некоја неутрална боја и подготвени сте со стил да ја завршите оваа работна недела.

Имајте супер весел петок!

Објавено:
22 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
634 пати