Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па обидете се да го искористите максимално. Денеска блеснете во шик фустанче на пруги, кое дефинитивно е најдобриот избор летово.

Истото е со сино – бел дезен и неодолива панделка на средината, како и кафени копчиња кои се дефинитивно најкул модниот додаток сезонава.

Фустанчето комбинирајте го со едноставни бели сандали во кои ќе уживате во текот на целиот ден благодарение на удобноста.

Комбинацијата надополнете ја со сламена шапка во кафена нијанса и секако, шик очила за сонце.

Фото: Pinterest/Shein.com

Објавено:
13 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
541 пати