Петок во сино здолниште на преклоп и маичка на кратки ракави

5 јули 2019

Конечно петок, денот што го обожаваме сите! Денеска договорете кафе со пријателките или ручек со семејството и блеснете во оваа супер шик, но и елегантна комбинација.

Носиме сино здолниште на преклоп со отвор во предниот дел и го комбинираме со едноставна маичка на куси ракави во светла нијанса.

Комбинацијата надополнете ја со високи потпетици и мини чантичка во посветла сина нијанса.

Уживајте во сончевиот петок!

Објавено:
5 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
817 пати