Конечно петок! Последниот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно и сончево време во градот, а тоа подразбира шик комбинација составена од неколку тренди парчиња. Денеска носиме boyfriend фармерки и ги комбинираме со најстилската кошулка за оваа сезона. Станува збор за моделот пижама, но во модифицирана верзија која можете да ја носите во било која пригода. Комбинацијата надополнете ја со овие слатки розови балетанки и чанта во слична нијанса, а секако не заборавајте ги и очилата за сонце и нежните обетки кои денеска ви се сосема доволни.

Уживајте во денот! 

Објавено:
19 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
457 пати