Конечно дојде и последниот ден од работната недела па да го прославиме тоа со една навистина посебна и стилска комбинација. Денеска носиме елегантни панталони во сива варијанта и ги комбинираме со интересно џемперче во иста боја со џебови и две слатки копчиња во предниот дел. Комбинацијата надополнете ја со шик чевлички во сребрено издание, црна стилска чанта, сива шапка, очила за сонце и неодолив црвен кармин.

Имајте супер петок!

Објавено:
30 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
477 пати