Конечно петок! Дојде и последниот ден од работната недела, па да го прославиме тоа со прекрасен стајлинг составен од единственото парче што ви е потребно ова лето – стилско фустанче.

Денеска носиме едно такво во темно жолта боја, украсено сон бели цветчиња по површината и слатки, ситни копчиња во предниот дел.

Фустанчето има неодоливи карнери во пределот на рамената, а на грбот суптилен отвор што го прави уште поубаво.

Носете го со кафени сандали во кафена нијанса и стилска ретро чантичка која е совршено надополнување на комбинацијата.

Што се однесува до модните додатоци, обетките во златна нијанса се единственото нешто што ви е потребно денеска.

Имајте супер сончев петок!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
8 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
953 пати