Конечно дојде и најомилениот ден од работната недела, денот пред најубавиот викенд. Утрово се разбудивме и со сонце, па се чини дека расположението ќе биде супер.

За овој петок одбравме стилска црно – бела комбинација составена од елегантни црни панталони со висок струк и ги комбинираме со бела кошулка на куси ракави.

Половината нагласете ја со црн ремен, а носиме и мини црна чантичка и шик кломпи со кои официјално можеме да ја отвориме пролетната сезона.

За утрово, бидејќи температурите се уште не ни дозволуваат куси ракави, комбинацијата надополнете ја со некој стилски мантил по ваш избор.

Убав ден!

Објавено:
19 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.544 пати