Уште еден викенд пред нас, но пред тоа редно е неделата да се заврши со стил. Со оглед на тоа дека е петок и дека после работниот ден, вечерта можете да ја искористите за забава со пријателите или партнерот.

Нашата предлог-комбинација е токму за таа намена. Денешниот стајлинг се состои од долго свилено кимоно, со светни апликации во горниот дел. 

Го комбинираме со тесни црни панталони и свилена маичка на прерамки. 

На тоа додаваме чевли со панделка во пределот на глуждот и впечатлива чанта со светкави пеперутки, во исти тонови со апликациите на кимоното.

Иако го нема на фотографијата, одозгора додадете мантил или капут и земете го доброто расположение со себе.

Имајте интересен петок!

Објавено:
10 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
776 пати