Оваа работна недела ја завршуваме со малку поопуштен стајлинг. Нашиот денешен предлог е темен џинс во комбинација со боди со долги ракави.

На тоа додаваме наметка во популарната окер нијанса, во стилот на кошула кјоа се врзува на половината. 

Кога се обувките во прашање, нашиот избор се чизми до глужд во стилот на препознатливите „Тимберленд“. Чантата е пак во кафено-беж нијанси.

Иако го нема на фотографијата, додадете широк капут или јакна и некој шал!

Имајте весел петок!

Објавено:
26 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
706 пати