Конечно петок! Последниот ден од неделата го дочекавме со супер температури и сонце во градот, па да го прославиме тоа со шармантна пролетна комбинација. Денеска носиме едноставни фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со неодолива кошулка со карнери во нежна виолетова боја. Комбинацијата надополнете ја со едни од најпопуларните чевли за сезоната, овој пат во црна варијанта, а секако со нив комбинирајте ја и соодветната црна чанта. Очилата за сонце и денеска се задолжителни, а што се однесува до шминката, единствено нагласете ги усните со темна виолетова боја.

Имајте супер петок! 

Објавено:
31 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
650 пати