Петок во здолниште и кошула со принт
•
30 март 2018
Крајот на оваа работна недела го завршуваме со пролетна комбинација. Се одлучивме за здолниште во зелени тонови со копчиња на средината.
Го комбинираме со кошула со принт во нежни нијанси. На тоа додаваме наметка во темноцрвена нијанса. Комбинацијата ја заокружуваме со беж чевли и чанта во слични нијанси на здолништето и наметката.
За крај, не заборавајте на доброто расположение и уживајте во овој ден!