Конечно петок и малку сонце во градот. По тој повод, денеска повторно им се враќаме на здолништата, па носиме едно такво во прекрасна сина нијанса со прекрасни принтови по површината.

Здолништето го комбинираме со сина кошулка на долги ракави, а одозгора комбинацијата надополнете ја со тексас јакна или палто по ваш избор.

Бидејќи се чини дека времето ќе биде сончево и топло, денеска без размислување носиме бели патики кои се едни од нашите омилени сезонава.

Имајте супер петок!

Фото: Pinterest

Објавено:
15 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
928 пати