Петок е, крај на уште една работна недела и ден кога веројатно планирате што ќе правите вечерва или викендот што ни претстои.

Токму затоа, ние за денеска ви подготвивме комбинација која може да ви послужи како инспирација што да носите ако излегувате со пријателките на забава или можеби со партнерот на вечера.

Нашата предлог-комбинација е комбинезон во маслинесто зелена нијанса.. Го горниот дел потетува на корсет и има закопчување на патент. Во пределот на половината има еден гол дел, а после половината има украсни капаци со копчиња. 

Ногавиците се широки и класични, што ќе придонесат за свечена нота. Комбинација ја комплетираме со црни сандали со отворени пети, бела чанта и бело палтенце со принт.

Имајте супер петок!

Објавено:
13 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
623 пати