Оваа работна недела ја завршуваме во убава пролетна комбинација во зелени нијанси. Се одлучивме за широко здолниште на риги, кое го комбинираме со топ во слични нијанси со ригите.

На тоа додаваме сандали во бакарна нијанса со реси во предниот дел. Во слична нијанса е и чантата која е во форма на круг.

Очилата за сонце се задолжителен моден додаток, а во случајов се работи за очила со рамки со принт. На крајот, не заборавајте го доброто расположение, кое е клучно за убав завршеток на неделата.

Имајте забавен петок!

Објавено:
1 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
582 пати