Се ближи крајот на работната недела, а доколку денеска после работните обврски планирате средба со пријателките, партнерот или пак ќе се забавувате со колегите, ние имаме комбинација што ќе ги обедини сите потреби.

Одбравме панталони со висок струк, џебови и патенти во делот на глууждот. Ги комбинираме со нежна блуза со цветен принт и благо ѕвонести ракави.

Чевлите со ремче се во окер-зелена нијанса, исто како и чантата во форма на ранче. Секако, земете си ги и очилата за сонце.

Ви посакуваме весел и забавен петок!

Објавено:
25 август 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
385 пати