Последниот викенд од оваа година може да почне! Голема е веројатноста дека после работа ќе продолжите на некоја од дневните забави, па затоа нашиот денешен предлог стајлинг го избравме токму со таква функција.

Колоритот е топол, земјен - во нијанси на кафено, а во комбинација со бело. Одбравме бел плетен фустан со средна должина и го споивме со елегантен капут во чист крој.

Комбинацијата добива посебен шарм благодарение на модните додатоци - зимски шешир, плико чанта и шик чизми со шпицест врв.

Објавено:
28 декември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
584 пати