Петок асоцира на забава и викенд, па токму затоа нашиот денешен предлог е една комбинација која може да ве инспирира за тоа како да се дотерате за вечерното излегување или afterwork забава.

Стајлингот се состои од асиметрично мини здолниште, од кожа со животински принт и украсено со копчиња, потоа црн топ со ѕвонести ракави и кожена јакна во слична нијанса со здолништето.

На тоа додаваме чевли а висока потпетица од кожа и вкрстени ременчиња, чанта со истиот принт како и здолништето, црни обетки.

Секако не излегувајте од дома без кармин и добро расположение.

Имајте супер петок!

Објавено:
29 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
395 пати