Последниот ден од работната недела секогаш е и најубавиот, бидејќи пред нас е викенд во кој што конечно сме слободни да правиме што сакаме.

За да го прославиме овој петок, денеска одбравме впечатливо жолто фустанче со карнери и бели цветови по површината како едно од омилените парчиња во летната сезона.

Фустанчето го надополнивме со бели патики извезени со коноп во долниот дел што совршено се согласуваат со одбраното парче.

Комбинацијата надополнете ја со шик чантичка, задолжителните очила за сонце и накит во златни нијанси.

Уживајте во петокот!

Фото: Pinterest

Објавено:
19 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
616 пати