Првиот ден од работната недела со малку пониски температури, но и сонце во кое ќе можеме да уживаме уште неколку дена.

По тој повод, денеска носиме стилски бели панталони со висок струк и широк крој и ги комбинираме со кафена ролка како едно од омилените парчиња во студената сезона.

Целиот стајлинг надополнете го со долго кожено палто во потемна кафена нијанса, бели чизмички на потпетица и кафена чантичка со интересна форма.

Имајте убав ден!

Фото: Style du monde

Објавено:
28 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
752 пати