Првиот ден од работната недела секогаш е малку потежок поради викендот што измина, па ни треба причина плус да станеме од кревет.

Денеска таа причина е ова неодоливо романтично фустанче во бела нијанса со должина над колената и волуменозни ракави.

Истото е совршено за топлите летни денови, а доколку го комбинирате со вакви едноставни бели патики, ќе можете да уживате во текот на целиот ден.

Доколку пред вас денеска има посебна прилика, истото стилизирајте го со рамни или сандали на плута.

Имајте убава недела!

Објавено:
5 август 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.286 пати