Оваа работна недела ја стартуваме со една префинета и женствена комбинација во беж нијанси.

Земјените тонови се секогаш актуелни, па нема да згрешите ако ги комбинирате во било која варијанта.

Денеска нашиот избор се однесува на елегантно „молив“ здолниште комбинирано со блуза со висока јака.

Комбинацијата ја надополнуваме со чизми до глужд во беж варијанта и мини чанта со кружна рачка.

Објавено:
19 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
504 пати