Понеделник во црно бела комбинација со впечатливо палто

7 октомври 2019

Понеделникот е секогаш најтежок ден од неделата, па потребна ни е некоја супер стилска комбинација во која ќе уживаме во денот.

За почетокот на оваа недела одбравме широки бели панталони додека сѐ уште можеме да ги носиме и ги комбинираме со тенка црна ролка.

Целото внимание денеска е свртено кон ова долго палто кое е како создадено за овој преоден период од годината. Палтото е во црно – кафени пруги и совршено одговара со останатите парчиња од комбинацијата.

Дополнително, збогатете ја со црни чизми на потпетица и интересна чантичка за во рака.

Среќен понеделник!

Фото: Elle.com

Објавено:
7 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
522 пати