Понеделник во црно фустанче и впечатливо цветно палто

4 ноември 2019

Првиот ден од работната недела облачно, но секогаш сме расположени за добар и впечатлив стајлинг. Температурите не се многу ниски, па без проблем можеме да го комбинираме омиленото црно плетено фустанче и да уживаме во денот.

Одозгора, целото внимание денеска е свртено кон ова впечатливо црно широко палто кое е украсено со неодоливи цветни везови.

Комбинацијата заокружете ја со црни чизми до глужд, чанта и накит по ваш избор.

Имајте супер старт на работната недела!

Објавено:
4 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
898 пати