Новата работна недела ја започнуваме во деловна комбинација. Со оглед на временските услови, нашиот денешен предлог се сиви тесни панталони, кои ги комбинираме со бела класична кошула.

На тоа додаваме црн елек, кој во долниот дел има фалти и се шири, а има блага асиметрија, па изгледа интересно.

Комбинацијата ја заокружуваме со црни чевли на висока широка потпетица и црно ранче, кое има везени апликации на капакот. Карминот одберете го сами и започнете ја неделата со самодоверба.

Имајте успешна работна седмица.

Објавено:
27 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
504 пати