Новата работна недела ја започнуваме со деловна комбинација, која веруваме ќе ви биде инспирација за кога и да ви затреба таков тип на стајлинг.

Предлог-комбинацијата за овој понеделник се кафени широки панталони со дискретен кариран дезен, кои ги комбинираме со свилена кошула со V-израз и висок околувратник.

На тоа додаваме палто од твид во беж-кафени нијанси, а изгледот го комплетираме со колор-блок чевли на висока потпетица и чанта во слична нијанса со панталоните.

Во изборот на овие топли бои и ваквата комбинација ќе оставите професионален, но и топол впечаток.

Имајте успешна недела!

Објавено:
11 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.076 пати