Првиот ден од работната недела поминете го во шик џинс во комбинација со топло џемперче во сина боја со пчели како апликација во горниот дел. Бидејќи утринава се разбудивме со малку пониски температури од оние на кои навикнавме во последните денови, со себе понесете ја и тексас јакната која совршено ќе се вклопи во комбинацијата. Со оглед на тоа што е можно денеска да заврне, облечете си ги вашите омилени кафени чизми, ранчето во слатка зелена боја и уживајте во првиот ден од скратената работна недела!

Објавено:
25 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
506 пати