Првиот ден од работната недела секогаш сме малку лежерни, па затоа денеска носиме шармантна и удобна комбинација.

Одбравме едноставни скинати фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со шик кошулка во црно – бели пруги.

Бидејќи времето сè уште е топло, комбинацијата можете да ја надополните со црни сандали во кои може да поуживаме уште малку.

Останатиот дел од комбинацијата и модните додатоци нека бидат по ваш избор.

Имајте убав ден.

Објавено:
10 септември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
388 пати