Првиот ден од работната недела секогаш знае да биде многу тежок, но прекрасното време и сонцето во градот денеска ни го олеснуваат тоа чувство.

Веќе е време да се ослободиме од темната облека, па денеска носиме комбинација составена од парчиња во светли нијанси кои дополнително ќе ни го разубават денот.

Носиме широки панталони во сива нијанса и ги комбинираме со бела блузичка со деколте која е задолжително парче во вашиот пролетен плакар.

Утрово комбинацијата надополнете ја со некоја јакничка по ваш избор и удобни бели патики што и оваа сезона се ултра шик.

Фото: Pinterest

Објавено:
18 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
718 пати