Понеделник во фармерки со висок струк и чизми со животински принт

18 февруари 2019

Првиот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце во градот, а тоа значи и желба за дотерување.

Денеска носиме стилски фармерки со висок струк и ги комбинираме со топло бело џемперче со интересни детали.

Комбинацијата надополнете ја со шик чизмички со животински принт, стилско капутче по можност во крем или кафена нијанса и очила за сонце бидејќи ќе ни требаат.

Имајте убав ден!

Објавено:
18 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
612 пати