Понеделник во фустан со долги ракави и пастелно виолетов капут

12 февруари 2018

Новата работна недела е пред нас, а ја стартуваме со нов предлог-стајлинг. Денеска се одлучивме тоа да биде фустан со долги ракави. Горниот дел е како кошула, од потранспарентен материјал, бела јака и апликации во форма на цветови во пастелни нијанси. 

Всушност, се работи за едно парче, претставено како да има две. На тоа додаваме капут во пастелновиолетова нијанса.

Комбинацијата ја заокружуваме со чизми до глужд и чанта во сини и тиркизни нијанси, застапени и на фустанчето.

Ви посакуваме убав ден и успешна работна недела!

Објавено:
12 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
504 пати