Добро утро. Денес нè разбуди сонце. Но, и покрај убавото време, воздржете се од излегување од дома без потреба и секако не се собирајте во групи. 

Предлозите од рубриката „Стајлинг на денот“ може да ви послужат за инспирација кога ќе се стабилизира ситуацијата и секогаш кога ќе немате идеја можете да им се навратите.

Денешниот предлог е интересен фустан во интензинвна, а сепак „пригушена“ нијанса на сина.

Горниот дел е со долги ракави, нагласени раменици и ролка, додека здолништето е асиметрично. Ременот ја нагласува половината и женственоста.

Модните додатоци можат да бидат во некоја неутрална нијанса, или пак контрастна, ако сакате повпечатлив изглед.

Ви посакуваме убав ден.

Бидете одговорни и чувајте се. 

Објавено:
16 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.063 пати