Почетокот на работната недела нека биде во знакот на кафените нијанси! Носиме интересна блузичка без ракави во кафена и црна боја и ја комбинираме со црни килоти панталони. Денеска носиме шик кафени сандали со ремчиња и мини чантичка во иста нијанса. Очилата за сонце се со животински принт, а од накит, овие бохо алки се сосема доволни да остават шик печат на вашата елегантна комбинација.

Објавено:
17 август 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.090 пати