Новата работна недела ја стартуваме со класична комбинација. Нашиот денешен предлог се сиви тесни панталони кои ги комбинираме со бела класична кошула.

На тоа додаваме интересен елек, кој има едно копче на средината и во долниот дел се шири. Кога се модните додатоци во прашање, чевли на висока широка потпетица со тока во предниот дел се нашиот избор.

За да ја разиграме комбинацијата, додаваме ранче со везени цветни апликации и кармин во вино нијанса.

Ви посакуваме успешна работна недела!

 

Објавено:
2 октомври 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
734 пати