Добро утро. Новата недела ја започнуваме со еден интересен летен стајлинг. Нашиот предлог за денеска е колор-блок фустанче во сиви нијанси. 

Десната страна на фустанот е во темносива, додека левата во светлосива нијанса. Фустанот е со ракави, кои се спуштени, но со откриени раменици и прерамки. Исто така, горниот дел од ракавите е набран и на врвки.

Го комбинираме со жолти сандали и жолто-бела чанта.

На крајот додаваме очила за сонце и сјај за усни во неутрални нијанси.

Имајте убав ден!

Објавено:
11 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
311 пати