Сигурни сме дека не постои некој кој утринава не се изненади кога виде надвор снежна покривка. Природата нè изненади, токму кога помисливме дека пролетта ќе завладее во полн сјај.

Но, какво и да е времето надвор, ние денот го започнуваме со стандардната рубрика „Стајлинг на ден“. Доколку денес морате на работа или имате итна потреба да завршите нешто, нашиот предлог е лежерна, но сепак комбинација прилагодена на времето.

Стајлингот е составен од тексасен комбинезон, во комбинација со блуза, под која можете да облечете и кошула, краток капут и чизми до глужд. Ако не сте љубители на комбинезони, тогаш заменете го со омилените фармерки.

Црвената беретка и волуменозниот пепито шал се модните додатоци со кои е внесена динамика во изгледот и комбинацијата е повпечатлива.

Доколку пак не сте на работа или работите од дома и немате итна потреба, седете дома и читајте нè.

Ви посакуваме убав ден на сите.

 

фото извор: the-atlantic-pacific.com

Објавено:
23 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
310 пати