Добро утро. Новата работна недела ја започнуваме со пролетна, деловна комбинација, во светли бои. Нашиот денешен предлог е кошула-фустан во пастелно сина боја. Должината е асиметрична, а исто така и корсетскиот ремен во темносина на пловината. Така, овој едноставен фустан, добива нова, далеку поинтересна димензија. 

Го комбинираме со колор-блок обувки во сина и беж комбинација. На тоа додаваме беж куса јакна, ранче во истата нијанса и очила за сонце.

На крајот, уживајте во сонцето, бидете позитивни и имајте успешна работна недела!

Објавено:
2 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
541 пати