Првиот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце и супер температури во главниот град, па по тој повод носиме шик комбинација составена од две прекрасни парчиња.

Носиме кусо здолниште во розова боја и го комбинираме со бела тантелна маичка на куси ракави со откриени рамена.

Комбинацијата надополнете ја со сандали со ремчиња во крем нијанса на висока потпетица и секако, задолжителните очила за сонце.

Имајте убав ден!

Објавено:
6 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
456 пати