Првиот ден од работната недела поминете го во супер стилска комбинација со која ќе му пркосите на облачното време со кое се разбудивме утрово. Денеска носиме шик фармерки и ги комбинираме со розова кошулка и неодоливи и слатки рамни чевли со интересен принт и розови детали. Комбинацијата надополнете ја со црна чанта, златни кружни обетки и нежен кармин во розова нијанса. 

Објавено:
19 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
572 пати