Новата работна недела ја започнуваме во женствена комбинација во пастелни нијанси.

Се одлучивме за розово дворедно палто, кое има ремен на средината, а го комбинираме со цветно плисирано здолниште.

Комбинацијата ја комплетираме со чевли и чанта во слична нијанса со палтото. Дискретни обетки и сјај во пастелно розова ќе го заокружат изгледот и ќе направат да изгледате уште поубаво.

Изборот на парчиња е таков што има и деловен тон, па можете да ја носите и на работното место, но доволно сте дотерани за да се облечете вака и на некоја забава или посебен повод. 

Имајте успешна работна недела!

Објавено:
16 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
500 пати