Првиот ден од работната недела поминете го во слатка комбинација составена од неколку топли парчиња. Денеска носиме тесни фармерки и ги комбинираме со сиво ролка џемперче. Комбинацијата ја надополнуваме со сиви чизмички со реси и чанта во иста нијанса. Бидејќи утрово се разбудивме со навистина ниски температури, во комбинацијата внесете го и ова шик капутче во неколку нијанси од кои најмногу преовладува сивата. Носиме и нежна шминка во розови нијанси.

Имајте супер старт на неделата!

Објавено:
14 декември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.150 пати