За почетокот на оваа недела ви препорачуваме елегантна и женствена комбинација која вклучува повеќе нијанси на сината боја.

Фокусот го ставаме на елегантното миди здолниште на преклоп, во нежно сина боја. Здолништето го комбинираме со интересен, асиметричен топ со широка прерамка на едно рамо, во тегет варијанта.

Оваа шик комбинација ја надополнуваме со мини ранче украсено со цветни детали, масивни црни очила за сонце и сандали со дебела потпетица во беж нијанса.

 

Објавено:
31 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
420 пати