Новата работна недела ја започнуваме со полежерна, но сепак деловна комбинација. Нашиот денешен предлог се црни широки панталони кои ги комбинираме со кошулка во сиво-сребрена нијанса, со карнери во долниот дел и карнерите. 

Кога се модните додатоци во прашање, наш избор се балетанки на точки, како и сива чанта со принт, односно илустрација.

На крајот додадете кармин по ваша желба и очила за сонце кои иако ги нема на фотографијата, се задолжителен моден додаток.

Започнете ја неделата успешно!

Објавено:
7 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
846 пати