Инспирирани од почетокот на учебната година (иако малку пролонгирана), денеска ви презентираме една комбинација која може да обедини повеќе генерации.

Нашиот денешен предлог е плисирано здолниште со должина до колена. Го комбинираме со тенка долга широка блуза/џемперче. Со оглед на тоа дека утрата се свежи, ќе ви биде добредојдено. Одоздола можете да облечете маица со кратки ракави или кошулка, која ќе биде супер избор откако времето ќе се стопли.

Комбинацијата е заокружена со патики (ако одите во училиште) или пак со високи потпетици (доколку овој избор ви се допаѓа за на работа), ранче, очила за сонце и часовник.

Нека месецот започне успешно!

Објавено:
2 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.083 пати