Првиот ден од работната недела и денот после продолжениот викенд го дочекавме со сонце и високи температури во градот, па по тој повод лесното фустанче нека биде вашиот единствен избор. Денеска носиме едно во портокалова нијанса со бели точки по површината и го комбинираме со бели патичиња кои се одличен избор кога имате многу обврски во денот. Белото ранче изгледа навистина одлично во оваа комбинација, а украсете ја комбинацијата и со овие обетки со реси кои денеска ви се сосема доволни. Очилата за сонце и денеска се задолжителни, а кружната форма хит како и секогаш.

Објавено:
5 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
478 пати