Денеска спротивставете му се на времето и одберете ги најубавите романтични парчиња од вашиот плакар. Овој понеделник носиме розов плетен фустан и го комбинираме со слатки патичиња што совршено ќе се вклопат во комбинацијата. Бидејќи фустанчето само по себе е топло, денеска одберете куса јакничка со цветен дезен, а комбинацијата ја украсуваме со розово ранче и стилски часовник.

Имајте успешен старт на работната недела!

Објавено:
14 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
852 пати