Првиот ден од работната недела не значи дека секогаш треба да биде тежок. Разубавете го овој ден со прекрасна шармантна комбинација составена од претежно розови и црни парчиња. Носиме широки црни панталони и ги комбинираме со нежна блузичка во светло розова нијанса со ѕвонести ракави. Утрово беше малку свежо, па задолжително со себе понесете ја и оваа прекрасна јакна со цветни апликации по површината. Чантата и чевлите се супер елегантни во неодолива розова боја, а во слична нијанса се и уникатните обетки. Што се однесува до шминката, денеска истакнете ги очите со прекрасни сенки и секако, нежно карминче.

Имајте успешен старт на работната недела! 

Објавено:
3 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
491 пати